Балкан

ЗЕМЈОТРЕС во Шибеник: УДРИ КАКО БОМБА, велат граѓаните!

Умерен потрес утринава после 9 часот го погоди поширокото подрачје на Шибеник во Хрватска.

Европскиот сеизмолошки центар јавува дека магнитудата на потресот била 3,2, а епицентарот бил 12 км западно од Шибеник во Јадранското Море, на длабочина од околу 2 километри, пренесува Индекс.

Жителите јавуваат дека потресот бил кус, но мошне гласен.

– Удри како бомба, стаклата ни се затресоа, велат жителите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни