Во нашата земја има вкупно 19 модуларни болници сместени главно во поголемите градови. Беа изградени како помошни објекти во моментот кога имаше голем наплив на пациенти заразени со коронавирус.
Трагедијата во ковид-центарот во Тетово го наметна прашањето за квалитетот и безбедноста на останатите модуларни болници. Модуларниот објект при Инфективната клиника во Скопје има капацитет од 70 легла, а директорката Милена Стевановиќ, верува дека овој објект е безбеден. Додава дека во нив биле спасени илјадници животи.