Променливо облачно и свежо, претпладне во западните и јужните делови со повремен дожд со послаб интензитет. Попладне ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.