Пописот е пред самиот крај, а премиерот Зоран Заев ги објави и првичните податоци. Според него, заедно со дијаспората сме 2 милиони и 100 илјади.
„Скопје е поголем предизвик, овде останаа, барем од репортот што го имам крајот на минатата седмица, сега се надевам дека се тоа е надминато, за да може да се поминат сите, но последната информација која ја добив од Министерот за правда е дека до 30-ти ќе се стигне“, изјави утрово премиерот Зоран Заев.
Тој додаде дека податоците кои ДЗС не може да ги обезбеди ќе треба да се најде начин како да се обезбедат.
„Тоа што не може да се стигне, Државниот завод за статистика ќе каже како ќе го обезбеди, веројатно ќе имаме недостаток на одредени податоци за процент, за пола процент, за промили за луѓето кои како одговори ги добиваат на прашањата. Самата лична карта ги дава големите голем дел од податоците кои што пописот треба да го заокружи како успешен целата процедута и статистичка операција која што е спроведена.
Засега останува не јасно, како во земјава досега се попишани 1 милион и 800 илјади, а толку изнесува и бројот на запишани лица во избирачкиот список. Па се поставува прашањето, каде се малолетниците?
„Знам дека бројката е преку 1 милион и 800, очекувањата кои што ги имаат од базите на податоци заедно со дијаспората, веројатно сме преку 2 милиони и 100, дијаспората и дома заедно“, додаде Заев.