Македонија

Оштетени бистите на Јаневски и Поповски, главата на Анте фрлена в езеро

Случајни минувачи пријавиле в полиција, откако биле згрозени од погледот како главата на поетот Анте Поповски од бистата во Охрид е фрлана во Охридското езеро.

– Настанот е пријавен, полициски екипи веднаш излегоа на терен да извршат увид на местото каде е извршено оштетувањето – вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Засега нема информации дали полицијата, ги пронашла сторителите.

Директорот на поетската манифестација Струшки вечери на поезијата (СВП), Тодорче Тасевски, го осуди вандализирањето на бистите на македонските поети. Тој кажа дека излегле веднаш на терен за да ги извадат бистите од Охридското езеро и да ги вратат на нивните постаменти.

Вандалскиот чин се случува на 18-годишнината од смртта на великанот Анте Поповски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни