За патување кај јужниот сосед задолжителен е сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР/рапид тест, како и пополнет формулар за влез во земјата…
Продолжени за уште една седнимца актуелните правила и мерки за патување во Грција, односно задолжителен документ за Ковид-19 и PLF формулар, кои важат и за државјаните на Македонија.
За патување кај јужниот сосед задолжителен е сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР/рапид тест, како и пополнет формулар за влез во земјата, додека пак за невакцинираните, односно за оние кои патуваат со негативен тест и понатаму е во сила одлуката за дополнително тестирање на влезните точки во Грција.
За влез од Македонија во Грција отворени се сите гранични премини, кои работат 24 часа.