Заврши најголемата статистичка операција. Затворени апликациите за попишување во земјата и за самопопишување на дијаспората.
Според статистика, попишани 1.832.662 лица. Процесот оценет како успешен. Мал е бројот на оние што одбиле да се попишат- вели Симовски.
Сепак, и тие ќе бидат дел од пописот. Директорот на статистика резултатите ги најави најдоцна до март идната година.
Преку апликацијата за самопопишување на дијаспората попишани се 204.805 државјани од дијаспора, најмногу од нив се од западна европските земји, многу помал број од прекуокеанските земји. За оние лица кои одбиле да се попишат, првиот човек на статистика најави дека ќе бидат поведени постапки. Безуспешни биле обидите на попишувачите да ги регистрираат во системот.