Живот

Сончево со слаб јужен ветер – температурата до 20 степени

По одделни котлини и речни долини во утринските часови ќе има услови за појава на магла, преку денот сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје, наутро со слаба магла, а преку денот сончево со слаб јужен ветер.Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 17 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно време, по одделни котлини и речни долини во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер се очекуваат во вторник.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни