Македонија

„Tреба да ги извлечеме пораките што граѓаните ги испраќаат на изборите“, вели Кордалов

Комуникологот Бојан Кордалов гостува денеска во отвореното студио на ТВ21 по повод локалните избори.

Според него, не очекува интересна вечер.

„Се надевам и го очекувам денот кога сите ќе разбереме дека изборниот ден е еден обичен ден, обичен натпревар, едно обично дерби кое се игра речиси секоја година и во кое што се натпреваруваат кандидати и кандидатки кои што едните ќе победат, другите не. Избори има секоја година, а многу важно е да разбереме дека треба да ги извлекуваме поуките или пораките што граѓаните ги испраќаат на изборите“, порача Кордалов.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни