Живот

Исчезнува второто по големина езеро во Турција

Новите сателитски снимки на турското езеро Туз можеби се шарени и интересни, но откриваат причина за голема загриженост.

Сателитот Сентинел-2, во сопственост на Европската вселенска агенција, сними снимки од езерото Туз, кое некогаш беше второ по големина во Турција.

Ова езеро целосно пресушило во период од само една година, а останала само солта.

Езерото Туз било едно од најголемите солени езера во светот, кое обично доаѓало и заминувало во зависност од годишните времиња. Сепак, повлекувањето во изминатиов период стана подоминантно, па водите се се помалку. Влијанието на земјоделството и климатските промени оставаат зад себе само огромно пространство на сол без вода.

Фотографијата беше анализирана како дел од програмата Коперник на ЕУ и откри во каква страшна состојба се наоѓа езерото Туз оваа година. Ова езеро, како и другите солени езера, се формира кога дното ја задржува влезната вода. Оваа вода носи сол и други минерали од потоци и реки, а потоа водата испарува и зад себе остава разни материјали. Езерото Туз се формира кога секоја пролет во него се наоѓаат дождовница и стопен снег.

Тоа е плитко езеро длабоко само еден метар, а водата сега испарува повеќе од кога било досега, оставајќи зад себе слој од 8 см сол. Оваа прекумерна количина ја подобри локалната индустрија во регионот, која вади околу 250 милиони тони резерви сол од езерото. Тоа е едно од најсолените езера во светот. Процентот на сол во ова езеро е 32 проценти, а ова езеро обезбедува неверојатни 60 проценти од солта што се користи во земјата, а многу повеќе се извезува во 60 други земји. Меѓутоа, како и сите други извори, и овој не е неисцрпен.

Наслагите на сол на езерото Туз бараат проток на вода, но со оглед на неговото повлекување во последниве години, извозот на сол може да забави. Има две причини, а тоа се климатските промени и големата суша. Познат е и проблемот со зголемен притисок врз земјоделството и индустријата, поради што се пренасочува повеќе вода.

Доколку не се направат значителни потези за зачувување на езерото, тоа би можело засекогаш да исчезне за 30 години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни