Пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче, во вестите на ТВ21 говореше за потписите кои беа собрани синоќа во Собранието.
Тој вели дека со собраните 61 потписи докажуваат дека актуелната власт е нелегитимна.
„Политичките партии кои не се дел од овој хибриден режим, најкорумпираниот режим во регионот, ги надминаа разликите и всушност собравме 61 потпис за да и докажеме на власта дека е нелегитимна“, рече Снопче.