Заменик главниот обвинител, Борислав Сарафов денеска на прес конференција категорично ги отфрли верзиите за терористички акт и полни туби со гориво, како можни причини за несреќата.
„Пронајдени се три туби. Трите труби не биле полни и не се запалени. Пожарот не избувнал од нив. Верзијата за терористички акт е професионално разгледана и земени се анализи од автобусот за постоење на терористички акт. Категорично ги отфрламе тие верзии. Не станува збор за терористички акт“, изјави Сарафов.