Белгиските власти потврдија денеска два нови случаи на заразени со варијантата Омикрон на вирусот СОВИД-19, со што вкупниот број се искачи на четири, објавија локалните медиуми.
Се додава дека уште неколку примероци земени за тестирање најверојатно ќе бидат од овој сој. Белгија беше првата земја во Европа што го потврди влезот на Омикрон на 26 ноември, а вчера беше пријавен втор носител на вируси.
Властите размислуваат за нов итен состанок за да одлучат дали се потребни дополнителни ограничувања против ширењето на болеста. Пред неколку дена беше одлучено сите што имаат можност да работат од дома во четири од петте работни дена во неделата, дискотеките се затворени. Сега се очекува одлука за затворање и на училиштата бидејќи таму се наоѓаат главните жаришта на инфекција.
Се очекува за неколку дена да започне вакцинацијата на децата над 5 години, а возрасните сега ќе добијат дополнителна доза вакцина. Досега во земјава се имунизирани 89 отсто од возрасните, а бројот на починати од новото заболување од почетокот на пандемијата достигна 27.100, со трајно влошување на сите показатели од почетокот на есента.