Свет

Продолжува потрагата по преживеани од вулканска ерупција во Индонезија

Спасувачите во Индонезија продолжуваат со потрагата по преживеани по силната вулканска ерупција на островот Јава.

Загинаа 14 лица, а десетици беа повредени.

Аматерско видео снимено од жител на блиската област покажува како полицијата и војската откопуваат тела со голи раце. Куќи се потопени до покривот, цели автомобили се закопани во пепел.

Најмалку 11 села во Источна Јава се покриени со вулканска пепел.

Најмалку 56 лица се повредени. Повеќето од нив имаат изгореници затоа што по грешка го однеле за поплавување млазот од врела кал.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни