Македонија

Каде има најмногу снег? Денеска ветер до 60 километри на час – ќе провејува и снег…

Снежна покривка до изутрина (во см): 54 Маврови Анови, 47 Попова Шапка, 23 Пожаране, 14 Крушево, 1 Берово, Крива Паланка.

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 13 Маврово, 3 Пожаране, 2 Попова Шапка, 1 Крива Паланка, Берово, Дебар, Крушево.

Времето денес (18.12 2021 год.): Променливо облачно, студено и ветровито, на места со провејување на снег. Ќе дува засилен северен ветер, повремено со брзина над 60 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претежно облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Повремено во делови од котлината ќе провејува снег.

T= 5 °C, P= 990 hPa, U= 65 %, V= 6 m/s.

НАЈАВА: Од утре па се до крајпт на работната седмица ќе преовладува стабилно и суво време со подолги сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат ниски, особено кон средината на неделата, кога на места ќе се спуштат под -10 степени,

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни