Македонија

Предновогодишна активност на АРМ: „Пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер“

Во организација на воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија, утре ќе се реализира традиционалната предновогодишна активност „Пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер“.

На церемонијата која посебно е атрактивна за најмладите, „Дедо Мраз“ ќе подели новогодишни пакетчиња на децата од загинатите и починати припадници на воздухопловната бригада, како и на деца на припадници од бригадата и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана.

Активноста ќе се реализира на воениот дел од меѓународниот аеродром Скопје, во касарната ,,Страшо Пинџур“.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни