Досегашниот министер за Информатичко општество и администрација Јетон Шаќири ќе биде нов Министер за образование, дознава 4NEWS.mk.
Ова е изненадување во јавноста, бидејќи според најавите тој требаше да заври во Министерството за земјоделство.
Шаќири кратко во телефонски разговор за 4NEWS.mk вели дека следната недела од партијата ќе ги соопштат сите детали и одлуки.