Најмалку три лица загинаа, а четворица се повредени во пукање на новогодишна забава во американската сојузна држава Мисисипи.
Според полицијата, настанала тепачка која прераснала во престрелка.
Беа испукани повеќе од 50 истрели.
Околностите околу инцидентот се расчистуваат.