Македонија

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Во следните два дена ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини.

Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни