Премиерот на Бугарија Кирил Петков ќе го посети Скопје по повод 30-годишнината од признавањето на независната македонска држава од Бугарија. Тој ќе биде во Северна Македонија на 18 јануари, соопшти владината прес-служба.
Посетата ќе означи нов почеток во развојот на билатералните односи меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и ќе ги претстави следните чекори што двете влади ќе ги преземат за решавање на отворените билатерални прашања.
„Треба да го промениме сфаќањето за тоа што навистина значи Република Северна Македонија да преговара со ЕУ и да биде дел од неа во иднина. Ајде да зборуваме за сите придобивки што ќе ги имаме ние и Република Северна Македонија од овој процес“, рече премиерот Кирил Петков.
Тој ќе биде придружуван од министерката за надворешни работи Теодора Генчовка и министерот за транспорт Николај Сабев.