Апсолутно сметам дека не треба да има никакви дополнителни привилегии за пратениците, вели пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев. Според него, Македонија е земја каде што тешко се живее и која има многу поголеми проблеми за решавање. Прстот го вперува кон неговите колеги од спротивниот табор.
„Македонија е земја каде што има многу проблеми. И како пратеници, како гарнитура имаме многу поважни прашања за решавање, има многу поголеми приоритети кои треба да бидат адресирани. Оваа тема излезе од желбата на власта, пратениците од мнозинството сакаа да донесат закон за повеќе привилегии, па кога излеза во јавнсот сега ретерираат, с еменуваат ставови. Се работи за нивна идеја и сметам дека корективот и оправданоста на јавноста, дека нема потреба да нема дополнителни привилегии направи да се корегираат“, вели Влатко Ѓорчев – пратеник во Собранието на Р.М.
И неговата колешка од СДСМ, Фросина Ременски деновиве на Фејсбук статус пиша дека никој не смее да биде привилегиран само затоа што бил избран или именуван функционер.
„Законите ги регулираат правата и обврските на сите избрани и именувани функционери за време и по завршување на нивниот мандат. Ставањето во привилегирана позиција за време и по престанок на функцијата е спротивно на принципите на недискриминација и еднаквост. Наместо да се зголемуваат, привилегиите треба да се минимизираат. И тоа веднаш, пред да се уништи јавниот имиџ на функцијата пратеник кој и без тоа е доволно уништен“, пишува на Фејсбук, Фросина Ременски.
Дискусијата во јавноста почна деновиве кога излегоа информации дека пратениците ќе носат закон со кој по завршувањето на мандатот ќе добијат работа во државна инстиитуција.
Дебатата кулминираше синоќа, кога на брифингот со новинарите, претседателот на Собранието Талат Џафери истакна дека не може некој да биде пратеник четири години, а потоа да брка по контејнери.
Спикерот не негира дека постои иницијатива, но сепак додава дека не може да одговори на прашањето дали подржува или не ваква идеја, се додека не биде срочен предлог законот.
РЕПОРТЕР: КАТЕРИНА ДАФЧЕВА