Свет

Брисел во паника пред претседавањето на Романија со Е.У.

Челниците на Романија не ги увериле доволно првите луѓе на Е.У. дека се подготвени да го превземат претседавањето со Европската Унија кое почнува на 1. јануари 2019 година. Токму од тука Брисел е во паника пред престојната улога која за прв пат ќе ја имаат Романците.

Европските челници никако не можат да спијат мирно. Пред нив е „бурна“ година исполнета со напуштање на една членка на Унијата (Британија), и прва одговорна улога за друга земја да претседава со ЕУ (Романија).

Европската комисија оваа година испрати загрижувачки извештај за состојбата на Романија, односно дека Букурешт не ги исполнува обврските околу реформите во судството и борбата против корупцијата. Романија и натаму е под надзор на Брисел во тие реформи. Исто така биле спорни и некои закони.

ФИНСКА БИЛА ПОДГОТВЕНА ДА ГИ ЗАМЕНИ РОМАНЦИТЕ

Во случај Брисел да одлучел и да се предомислел околу романското претседавање со ЕУ, тогаш Финска била план „Б“ и ќе влегла како резервна опција да претседава со ЕУ во следните шест месеци. Тоа дури и било понудено до Букурешт кој ја одбил оваа опција. Финска, пак, треба да го превземе претседавање во втората половина од 2019 година.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни