Свет

Големо невреме во Америка: Во олујните ветрови и врнежи загинаа шестмина, илјадници летови се откажани

Најмалку шест лица загинаа во големото невреме кое владее во неколку делови во САД, каде што силните ветрови и врнежите го реметат зголемениот интензитет на сообраќај кој е присутен во оваа доба од годината.

Снежното невреме „Ебони“ го зафати поголемиот дел од земјата. На југоистокот се закануваат големи поплави, а врнежите ќе траат до понеделник.

Во сабота се забележани уште три нови смртни случаи, па бројот на загинати од невремето се искачи на шест. Во Минесота две лица загинаа во сообраќајна незгода.

Во Лузијана жена погина откако врз нејзиниот автомобил се сруши дрво.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни