Свет

Човекот кој ја предвиде победата на Трамп, сега му предвидува смена

Американскиот физичар и писател Алан Лајтман, еден од оние кои ја предвиде победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД во 2016 година, сега му предвидува дека во 2019 година ќе биде сменет.

„Мали се шансите однесувањето и политиките на американскиот претседател да се променат следната година. Но, новиот состав на Претседателскиот дом во кој преовладуваат демократи и истрагата на специјалниот соверник Роберт Милер околу руското мешање во претседателската кампања, ќе донесат негова смена“, вели Лајтман во интервју за „Дојче Веле“.

Тој точно ги предвидел сите претседателски избори 30 години наназад. Лајтман стана вистински феномен откако и покрај сите проценки за пораз, тој предвиде дека Трамп сигурно ги добива изборите во САД.

Сега е убеден дека Трамп во 2019 година ќе се бори да го задржи своето место, но според него нема да успее.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни