Свет

Летовите прекинати откако маж со автомобил се забил во врата, сакал да излезе на писта

Аеродромот во Хановер неколку часа бил затворен, откако непознат маж со автомобил се забил во една врата, во обид да стигне до пистата на аеродромот. Возачот успеал некако да стигне до дел од пистата, каде што веднаш бил уапсен.

„Автомобилот има полициски регистарски таблици. Прегледан е од страна на полицијата и превземени се сите потребни мерки. Полицајците успеале да го сопрат возилото и да го уапсат возачот“, изјави полицијата од Хановер.

Делот од терминалот „А“ на аеродромот е евакуиран поради тоа што стаклените прозори гледале кон автомобилот. Хановер е деветти најголем аеродром во Германија, а вечерва се очекува нормализирање на авио собраќајот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни