Свет

Крај на една ера: ISS ќе се урне во Пацификот

Крај на една ера: ISS ќе се урне во Пацификот

Меѓународната вселенска станица ќе се урне во Тихиот Океан.

Сепак, тоа ќе се случи во 2031 година, кога ќе биде застарена, предвиде НАСА.

НАСА ќе ја „пензионира“ станицата, бидејќи планира во иднина да спроведува активности за истражување на вселената од приватниот сектор.

Меѓународната станица е во орбитата од 1998 година и треба да работи до 2024 година, а секое продолжување мора да биде договорено со сите партнери.

Ќе се сруши во точката Немо, најоддалечената точка на копното во океанот, позната и како Вселенски гробишта.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни