Македонија

АХВ со осуда за инспекторот – најавуваат постапка против сите лица

АХВ со осуда за инспекторот – најавуваат постапка против сите лица

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ ) ја осудува и се оградува од постапката на инспекторот од подрачната единица на АХВ во Берово, во снимката која вчера беше објавена во медиумите и на социјалните мрежи.

Како одговорна институција и за благосостојбата на животните, во најбрз рок случајот ќе биде разгледан, инспекторот повикан на разговор и соодветно процесуиран.

Против сите лица вклучени во случајот, АХВ ќе покрене и спроведе соодветна законска постапка. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни