Македонија

Макрадули за случајот во Дебар: Лицето повеќе не работи во АД Пошта, парите уплатени кај ќерката

Од АД Пошта на Македонија, во врска со случајот „фалсификување на службена исправа“, за која ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Д.Ј.(58) од општина Центар Жупа, вработен во АД “Пошта на Северна Македонија”, информираат дека по претходна пријава, од страна на Генералниот директор Јани Макрадули било доставено барање до Самостојната служба за инспекција, за обезбедување податоци и откривање дали е извршена злоупотреба на службената положба и овластување.

Од таму додаваат дека по констатирањето на повредите и неправилностите, при извршувањето на работните задачи, од страна на АД “Пошта на Северна Македонија” биле преземени сите мерки и активности за постапување против незаконските дејствија и случајот е пријавен до надлежните органи.

„Лицето против кое е поднесена кривичната пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, веќе не работи во АД “Пошта на Северна Македонија”, а средствата во износ од 220.000 денари, кои противправно ги присвоил, на ден 30.12.2021 година се вратени, односно уплатени на сметка на ќерката на оштетената. Во АД “Пошта на Северна Македонија” веќе нема компромис во борбата за спречувањето на криминалот и корупцијата“, велат од АД Пошта.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни