Македонија

29 лица ја изгубија битката со ковид-19

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 25 починати лица:

  • 11 починати лица од Скопје (67г, 74г, 74г, 76г, 77г, 77г, 77г, 77г, 80г, 83г и 85г)
  • 3 починати лица од Прилеп (71г, 78г и 86г)
  • 2 починати лица од Тетово (57г и 76г)
  • 2 починати лица од Штип (65г и 79г)
  • Едно починато лице од Кратово (81г)
  • Едно починато лице од Крушево (82г)
  • Едно починато лице од Неготино (85г)
  • Едно починато лице од Охрид (86г)
  • Едно починато лице од Ресен (64г)
  • Едно починато лице од Куманово (76г)
  • Едно починато лице од Струга (69г).

Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Скопје (2), Свети Николе (1) и Струмица (1).

Починатите се на возраст од 64г до 82г. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови.

Пријавените лица се починати во период од 23.01.2021 – 02.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=29),  6 лица се целосно вакцинирани, а кај 26 лица се регистрирани коморбидитети.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни