Свет

Шок во Токио на дочекот на Новата година: Со автомобил се залетал во толпа на луѓе, оссумина се повредени

Осум лица се повредени откако непознато лице кое имало околу дваесетина години, со автомобил се залетал во толпа на луѓе кои славеле Нова година во Токио. Полицискиот портпарол истакнал дека едно лице е притворено, а случајот се води како терористички чин.

Едно од лицата било без свест, а сите осуммина биле пренесени во болница.

Како што пренесуваат медиумите, станува збор за 21-годишниот Казихуро Кусакабе кој прво го признал терористичкиот чин, а потоа ја повлекол изјавата, и со тоа ги оставил челниците збунети.

Инцидентот се случил веднаш после полноќ по локално време во популарното туристичко место Харајака, во центарот на Токио.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни