За целосно имунизирани ќе се сметате ако имате примено три дози од било која вакцина, во спротивно доколку имате примено само две, со нив слободно ќе може да се движите само 9 месеци од примањето на втората доза.
Ова стана јавно по денешната прес конференвија на Комисијата за заразни болести.
Овие промени најверојатно доаѓаат по пормената на составот на Комисијата за заразни болести, во која беше сменет и претседателот на комисијата д-р Жарко Караџовски.
Инаку денеска комисијата ѝ предложи на Владата да днесе одлука со која сертификатот за прележаноста наместо 45 дена ќе трае 3 месеци.
Се очекува ваквиот предлог Владата да го разгледува на следната владина седница.