Македонија

Министри и новинари први патници на летот Софија-Скопје в петок

В петков на Меѓународниот аеродром во Скопје ќе пристигне авион кој ќе полета од Софија. Со тоа ќе се означи стартот на авионската линија која ќе ги поврзува двата главни градови на Македонија и Бугарија.

Први патнници од Софија кон Скопје ќе бидат новинари и тамошни министри кои ќе допатуваат во Скопје.

На аеродромот во Скопје ќе бидат пречекани од владина делегација.

Долги години поради економска неисплатливост беше надвор од функција оваа авионска линија.

Сега се става во функција со тоа што ќе поврзува уште еден центар и така ќе биде економски исплатлица за тур-операторите кои исто така ќе пристигнат во Скопје.

Инаку ова е една од мерките за зближување на Софија и Скопје како е начин за доаѓање на решение за меѓусебниот спор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни