Македонија

Владата ја донесе Уредбата за организацијата и функционирањето на Е-112 од ЦУК

Владата ја донесе Уредбата за организацијата и функционирањето на Е-112 од ЦУК

На денешната 11-та седница, Владата на Република Северна Македонија ја донесе Уредбата за организацијата и функционирањето на единствениот комуникациско-информативен систем со единствен број на повикување во случај на ризици, опасности и други несреќи на целата територија на Републиката – Е-112, којашто е согласно чекорите и активностите коишто ги има Центарот за управување со кризи (ЦУК) заедно со европските имплементатори на бројот – системот .

Инаку, в петок, на 11.02.2022, на Европскиот денот на Европскиот број за итни случаи Е-112, со пригодна промотивна свеченост, во лично присуство и обраќања на високи претставници на Европа, Владата и ЦУК од Републиката, ќе биде одбележано официјалното пуштање во употреба на Е-112 и истовремено ќе се заокружи проектната Европска програма за негово воспоставување во нашата држава.

Е-112 има за цел да обезбеди континуитет на управувањето со итни повици, како унапредување на мерките и апликациите за навремено определување на локацијата со цел брза и навремена реакција на сите служби опфатени во системот за справување со кризи.

Е-112 исто така обезбедува брзина и ефикасност во постапувањето при итни повици за итни случаи за помош и се овозможува достапност до системот на сите лица на територијата на Република Северна Македонија, без надоместок од сите телефонски мобилни или фиксни оператори.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни