Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Утре повремени врнежи од дожд – во петок и сабота дневни температури над 20 степени

Повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег се очекуваат во текот на утрешниот ден. Ќе дува умерен, а долж Повардарието, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималните температури утре ќе се движат од 0 до 6 степени, а дневните ќе достигнат до 14 степени.

Во четврток, минималните температури ќе бидат од 1 до 7 степени, а дневните од 12 до 19 степени. Во петок и сабота дневните температури ќе бидат повисоки, особено во сабота кога максималната температура ќе се движи од 14 до 22 степена. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни