Македонија

Велешанката Пале ослободена од обвинение за убиството на поранешниот партнер

Велешанката Пале ослободена од обвинение за убиството на поранешниот партнер

Велешанката Павлинка Илоска е ослободена од обвинение за убиството на својот партнер Александар Ристовски, пишува Фокус.

Таа се гонеше за кривично дело „убиство во миг“

Според порталот, велешанката истакнала дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана.

Вчера во нејзина одбрана, Павлинка истакна дека тоа било борба за живот и доколку не бил тој, таа ќе била мртва.

Пред неколку дена од обвинителството посочија дека кавгата на партнерите започнала откако тие се вратиле дома од гости, а сега А.Р., во алкохолизирана состојба започнал вербална расправија, нарекувајќи ја со најпогрди зборови својата партнерка.

„Таа влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој дошол до неа, ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната, удирајќи ја со тупаници по главата, увото и левото рамо, како и со клоци по левата натколеница. Потоа силно ја фатил со раце во пределот на вратот да ја дави. Обвинетата давала отпор и го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и му нанела убодна рана во пределот на срцето. Како последица на убодот, дошло до пореметување и престанок на функционирањето на срцето и смрт кај сега починатиот“, информираа од ОЈО Велес.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни