Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски денеска на прес конференција посочи дека анализата на смртноста од ковид-19 покажува дека најголем дел од починатите се невакцинирани.
„Најголем дел од починатите од ковид се невакцинирани, не целосно вакцинирани или вакцинирани пред повеќе од 6 месеци затоа апелираме граѓаните да се вакцинираат со 3 доза“, вели тој.
Петличковски додаде дека третата доза во моментов дава гаранција за над 95 проценти заштита од хоспитализација и смрт.