Свет

Руското Министерство за одбрана соопшти: Не руски, туку украински проектил погоди станбена зграда во Киев

Руското Министерство за одбрана соопшти: Не руски, туку украински проектил погоди станбена зграда во Киев

Не се точни информациите што се проширија во медиумите и социјалните мрежи дека руската војска наводно извршила ракетен напад врз катна станбена зграда на булеварот Лобановски во Киев, соопшти руското Министерство за одбрана.

Забележано е дека природата на штетата укажува дека е погодена од противвоздушна ракета, тоа може да се види на видеото.

„Очигледно во текот на одбивањето на ноќниот ракетен напад врз воената инфраструктура на вооружените сили на Украина дошло до дефект во системот за водење ракети на украинскиот систем за воздушна одбрана со среден дострел Бук-М1 и проектилот го погодил аголот  на станбена зграда“, објави РИА Новости, повикувајќи се на извор во министерството.

Информациите за ракетниот напад беа демантирани од војската.

„Информациите што се шират на социјалните мрежи за руски ракетен напад врз станбена зграда на булеварот Лобановски во Киев не се точни“, изјавија за ТАСС од Министерството за одбрана.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни