Властите од Германија, Австрија и Швајцарија денеска ги затворија патиштата и неколку железнички линии поради обилни снежни врнежи во пределот на Алпите.
Германската новинска агенција ДПА пишува дека 44 годишен маж загинал, откако врз него паднале големи гранки со снег.
Три скијачи во Австрија и една жена од Баварија загинаа во несреќи поврзани со временските неприлики.
Институциите предупредија на можна снежна лавина во северниот дел од Алпите, при што мештаните до крајот на денот треба да ги напуштат своите домови.