„Жолтите елеци“ кои што во изминатиот период беа „главни“ во протестите особено низ Франција, ќе формираат партија и ќе учествуваат на локалните избори 2020 година. Претседател на партијата ќе биде Жаклин Муро која доби поддршка и од Италија.
Муро кажа дека нејзина цел е на Французите да им понуди нова алтернатива, така што нејзиниот проект се разликува од традиционалните политички движења. Таа рече дека во моментов се е на почетокот, дека статутот не е уште готов, но дека се ќе биде одработено брзо.
За формирањето на оваа партија стигнува поддршка и од другите земји, особено од Италија.