Свет

Украинските власти потврдија дека е откажан евакуациониот конвој од Мариупол

Украинските власти потврдија дека е откажан евакуациониот конвој од Мариупол

Павло Кириленко, шеф на администрацијата на регионот Доњецк, во неделата на Фејсбук објави дека конвојот за евакуација на локалните жители од Мариупол не можел да го напушти градот.

„Конвојот за евакуација со локалните жители никогаш не можеше да го напушти Мариупол денес: Русите почнаа да ги прегрупираат своите сили и силно гранатирање на градот. Исклучително е опасно да се евакуираат луѓето во такви услови“, рече Кириленко.

„Конвојот со хуманитарна помош, кој денеска тргна од Запорожје кон Мариупол, сè уште не стигнал до својата дестинација и моментално е на пат“,  додаде Кириленко .

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни