Македонија

Седницата за уставни промени одложена за 16 часот

Седницата за уставни промени ќе продолжи во 16 часот поради оставката на пратеникот Томислав Тунтев. Тунтев вчера поднесе оставка од функцијата, и претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека истата ќе продолжи попладне.

„Ве информирам дека пратеникот Томислав Тунтев поднесе оставка. Соглано деловникот, пратеникот може да ја образложи својата оставка на седница на Собранието, но господинот Тунтев ме информираше дека нема да ја образложи. Констатирам дека согласно изборниот законик на Тунтев му престанува мандатот.  Бидејќи овој пратеник беше избран од листа на кандидати, потребно е ДИК да го извести Собранието на кој кандидат од оваа листа ќе му се верифицира мандатот на пратеник. Ја прекинувам седницата, и продолжуваме во 16 часот“, рече Џафери кој побара од ДИК и од Комисијата за мандатно имунитетни прашања до 16 часот да го верифицираат мандатот на новиот пратеник.

Седницата за уставни промени требаше да почне во 12 часот. Во моментов пред Собранието траат протестите од страна на „Тврдокорни“ и „Македонија блокира“.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни