Свет

Кремљ ја критикуваше економската војна на САД против Русија

Кремљ ја критикуваше економската војна на САД против Русија

Кремљ денеска ја критикуваше економската војна на САД со Русија. Критиките уследија по одлуката на Вашингтон да воведе ембарго на увозот на нафта и гас од Русија, пренесе АФП.

„САД и објавија економска војна на Русија и ја водат оваа војна“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој нагласи дека Русија била и ќе биде сигурен гарант за енергетската безбедност на глобално ниво и дека ја одржува својата репутација, пренесе ТАСС. Песков истакна дека Москва сè уште испорачува енергетски ресурси за други земји.

Во врска со Украина, Песков рече дека Народните републики Доњецк и Луганск, признати од Русија како независни, се суверени независни држави и Украина и властите на другите земји мора да го признаат тоа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни