Свет

Состанок на европските лидери: Дополнителни 500 милиони евра се доделуваат на Украина

Политичка и дополнителна финансиска поддршка за Украина. Ова го решија европските лидери синоќа на состанокот во Версај. Тие најавија дека ќе обезбедат 500 милиони евра дополнителна помош за Украина.

На европските лидери им требаа часови да го разјаснат секој збор во пораката до Украина, што надвор од дипломатскиот жаргон значи: „Европа ја поддржува, а ЕК мора многу брзо да ја процени кандидатурата на Украина. Но, процесот на пристапување ќе биде долг.

Денеска ќе се разговара за економските последици од војната. Првата група земји, меѓу кои Франција и Италија, се залагаат за заеднички заем.

Наспроти, пак, е друг табор предводен од Германија кој не сака таква посветеност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни