Свет

Претседателот на Украина им се обрати на руските војници во видео порака

Претседателот на Украина им се обрати на руските војници во видео порака

Во текот на ноќта, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави уште една видео-порака во која изрази нота на внимателен оптимизам за тековните мировни преговори со Русија.

Тој тврдеше дека Русија почнува да сфаќа дека победата нема да дојде на бојното поле.

„Тие веќе почнаа да сфаќаат дека нема да постигнат ништо со војна“, рече Зеленски.

Претседателот, исто така, директно им се обрати на руските војници, велејќи: „Ако им се предадете на нашите сили, ние ќе се однесуваме со вас онака како што треба да се однесуваат со луѓето“.

Зеленски, исто така, ја изрази својата благодарност до жената која со антивоен знак истрча на сетот на руската вечерна информативна програма на Канал 1 под државна контрола.

Како што објавивме претходно, таа е именувана како Марина Овсијаникова, уредник на каналот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни