Свет

Украина ја отфрли руската понуда за неутралност во „австриски стил“

Украина ја отфрли руската понуда за неутралност во „австриски стил“

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот предлог Украина да прифати неутралност во австриски стил е неприфатлив за земјата.

Михаило Подољак, член на украинскиот преговарачки тим, им рече на локалните медиуми секој мировен договор мора да биде под украински услови кои го штитат нејзиниот суверенитет.

„Го разбираме обидот на нашите партнери да останат проактивни во преговарачкиот процес. Оттука и зборовите за „шведскиот“ или „австрискиот модел“ на неутралност. Но, Украина сега е во состојба на директна војна со Русија. Затоа, моделот може да биде само „украински“ и само со законски проверени безбедносни гаранции. И нема други модели или опции“, вели тој.

Рано утринава, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Русија е отворена за мировен договор според кој неутрална Украина има своја војска и морнарица, по линијата на Австрија или Шведска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни