Свет

Во Украина загинаа 107 деца – проценуваат локалните власти

Во Украина загинаа 107 деца – проценуваат локалните власти

Најмалку 107 деца се убиени, а повеќе од 120 се ранети откако Русија ја нападна Украина, соопшти Украинското Јавно обвинителство.

Повеќето од жртвите се пријавени во регионите Киев, Харков, Доњецк, Чернихив, Суми, Керсон, Миколајев и Житомир.

Над 410 образовни институции се оштетени од гранатирање, а 63 од нив целосно уништени, се вели во соопштението.

Најмалку 11 болници се гранатирани, се додава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни