Американската фармацевтска компанија Модерна поднесе барање до американската Федерална администрација за храна и лекови (ФДА) за 4-та доза од вакцината за Ковид-19 да се администрира на сите возрасни лица во САД.
Во соопштението на Модерна, се наведува дека е побарано одобрение од ФДА за вакцината за потсетување на 4-та доза за итна употреба кај сите возрасни во САД.
Во соопштението се вели дека барањето за одобрување за сите возрасни, вклучително и оние со поголем ризик од KОВИД-19 поради возраста и хронични болести, е да се „даде флексибилност“ на Центрите за контрола и превенција на болести и здравствените работници за да се утврди „соодветната употреба ” на втора засилена доза на вакцината “mRNA-1273”.