Свет

Јахта на руски милијардер заглавена во Норвешка, не сакаaт да им продадат гориво – добавувачот вели нека веслаат до дома

Јахта на руски милијардер заглавена во Норвешка, не сакаaт да им продадат гориво – добавувачот вели нека веслаат до дома

Јахтата на рускиот милијардер Владимир Стржалковски – „Рагнат“ наводно стои заглавена во норвешко пристаниште.

Ова, како што вели екипажот, е поради тоа што никој не сака да им продаде гориво.

Владимир Стржалковски е поранешен агент на КГБ и се смета за човек на Путин, но и покрај тоа не беше ставен на списокот на лица кои требаа да бидат санкционирани од ЕУ.

Екипажот кој работи на неа вели дека ова што се прави е некоректно и дека тие немаат никаква врска со конфликтот во Украина.

„На јахтата работиме 16 лица и ниту еден не е Русин. Сите доаѓаме од западните земји. Но и покрај тоа локалнтие снабдувачи со гориво, одбиваат да ни продадат нафта“, рече британскиот капетан Роберт Ланкестер.

Генералниот менаџер на компанијата „Холмлунд оил“, Свен Холмлунд, која досега ги снабдувале со нафта рече дека не гледа причина да им помогнат.

„Нека веслаат до дома или нека едрат“, велат од Холмлунд.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни