Свет

Бегал од полицијата повеќе од 50 километри – му нашле возачка од Леголенд и вреќа канабис

Бегал од полицијата повеќе од 50 километри – му нашле возачка од Леголенд и вреќа канабис

Британските полицајци се збуниле кога по бркотница од 50 километри кај возачот пронашле возачка дозвола од Леголенд и вреќа со канабис.

21-годишниот Британец бегаше од лондонската полиција во Кент. Потерата траела повеќе од половина час, а биле вклучени две патролни автомобили и еден хеликоптер.

Истата била завршена дури кога на осомничениот останал без бензин.

Кога полицијата конечно го фатила и го претресла, нашла детска возачка дозвола од Тематскиот парк Леголанд во Виндзор, која ја добил во 2003 година кога имал две години.

Освен што ги збунила „возачката дозвола“, кај возачот пронашле и вреќа со канабис.

„Не. Возачката дозвола на Леголанд не е причина за опасно возење. Големо количество канабис е“, напиша полицијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни