Свет

На предвремените избори стана ПРЕТСЕДАТЕЛ, па ја смени целата влада

Новиот претседател на Туркменистан, Сердар Бердимухамедов кој ја презеде функцијата ја потпиша одлуката за промена на владата.

Целиот кабинет, кој денеска беше сменет, ќе продолжи да ги извршува своите обврски во техничкиот мандат, до формирањето на новата влада, пренесува ТАСС, повикувајќи се на локалните медиуми.

Сердар Бердимухамедов, кој денеска го започна седумгодишниот мандат, на предвремените претседателски избори на 12 март е избран за претседател со 72,97 отсто од гласовите.

Предвремените претседателски избори беа распишани откако поранешниот претседател и татко на Сердар, Гурбангули Бердимухамедов, ја објави својата одлука да се повлече и да им „отстапи место на младите“.

Гарбангули Бердимухамедов се уште е претседател на Горниот дом на Парламентот на Туркменистан, јави ТАСС.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни